ЕДС – Дел од PPC групацијата, енергетскиот лидер во Југоисточна Европа

Од:

Во време на брзи трансформации во енергетскиот сектор, ЕДС ја зајакнува својата стратешка улога како дел од PPC Групацијата, водечка енергетска компанија во Југоисточна Европа.

Со неодамнешното именување на Александар Сарџовски за главен извршен директор, ЕДС не само што го засилува своето оперативно работење, туку и ја потврдува својата посветеност на иновации, одржливост и пазарно ориентиран развој.

PPC Групацијата, која покрај во земјава оперира во Грција, Романија, a има присуство и во Бугарија и Романија, е енергетски гигант со инсталиран капацитет од 12,3 GW и годишно производство на електрична енергија од приближно 21 TWh. Со повеќе од 8,8 милиони потрошувачи и регулирана актива вредна 4,9 милијарди евра, регионалното присуство на PPC ѝ обезбедува на ЕДС стабилна основа за раст и трансформација.
„Фактот што сме дел од PPC ни обезбедува стабилност, сигурност во снабдувањето и пристап до експертиза и технологии што ги унапредуваат нашите услуги. Благодарение на тоа, на нашите клиенти можеме да им понудиме најквалитетни решенија со оптимална цена и енергетска ефикасност“, изјави Сарџовски.

ЕДС подготви ново портфолио на пакети за снабдување со електрична енергија, прилагодени на потребите на различни бизнис-сегменти, особено на малите и средни претпријатија. Новите понуди имаат за цел да обезбедат флексибилни, сигурни и одржливи решенија, кои ќе им помогнат на клиентите подобро да го управуваат своето трошење и да ги намалат трошоците.

Во време кога пазарот сè повеќе се насочува кон енергетски решенија кои почисти, поинтелигентни и ориентирани кон корисниците, ЕДС, со поддршка од PPC, е подготвена да придонесе кон модернизација на енергетскиот сектор во регионот.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час

ЕДС со нова понуда на пазарот: 24 месеци фиксна цена на струја + подарок инвертер клима

Стабилност во време на нестабилност: ЕДС нуди две години фиксна цена на струја плус подарок клима

До 40% пониски сметки и вреден подарок: ЕДС со понуда што носи реална заштеда за бизнисите

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 03 април 2026 изнесува 108,30 евра за мегават час, на МЕМО 116,17 евра за мегават час

А1он

Фиксни цени, зелена енергија и стабилност: Како ЕДС ги поддржува бизнисите на нестабилен пазар

А1он