(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија е тажна приказна, предолго чека на почеток на преговори за ЕУ

Од:

Има неколку многу тажни приказни околку преговорите со Европската унија. Една од нив е дека Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е Македонија. Ако треба да чекаме со Украина колку што чека Македонијапочеток на преговори, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина, изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос во интервју за Радио Слободна Европа.

Кос изразува очекувања дека до крајот на нејзиниот мандат како комесарка во Европската комисија, позиција што ја презеде пред седум месеци, Црна Гора и Албанија би можеле да станат членки на Европската Унија.

Таа кажа дека Словенија откако станала членка, значително се променила на подобро.

„Бев во Словенија, и тој регион во некои аспекти е многу подобрен од пред 20 години, односно пред Словенија да стане членка на ЕУ“, изјави Кос.

Би можело да ве интересира

Марта Кос одржа почетни разговори со „Студентската листа“ во Брисел

ЕК воведува три новини во Пакетот за проширување – патокази, постепена интеграција и безбедносен фокус

Кос: Извештајот за проширувањето содржи 3 нови елементи, Србија има шанса за нов почеток

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија