Масовен украински напад врз Русија: Соборивме 91 дрон објави Москва

Од:

Противракетните системи синоќа соборија 91 украински беспилотно летало, од кои 40 над Курската област, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Ноќта меѓу 28 и 29 април дежурните противвоздушни сили уништија 40 украински беспилотни летала.

Беспилотните летала беа соборени во осум руски региони:

11 над регионот Рјазан,
8 над регионот Нижни Новгород,
7 над регионот Ориол,
по 4 над Крим и над Црното Море,
по 2 над Московската и Белгородската област,
По 1 над регионите Калуга и Брјанск.

„Севкупно, од 20:00 часот на 28 април до 06:00 часот на 29 април по московско време, системите за противвоздушна одбрана соборија 91 беспилотno леталo од типот на украински авиони, од кои 40 беа над регионот Курск“, соопшти руското Министерство.

Во извештајот на руското Министерство за одбрана не се наведува вкупниот број на беспилотни летала кои ги лансирале Украинците, ниту пак штетата што можеби ја предизвикале.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека московските трупи ги протерале украинските сили од областа Курск пред повеќе од осум месеци.

Би можело да ве интересира

Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да зазема територии“

Предраг Петровиќ

Путин ѝ се закани на Украина: „Отворија Пандорината кутија“; ќе следи жесток удар

ВИДЕО: Напад со балистички ракети на Киев, најмаклу шестмина мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

ВИДЕО: Гори околината на Москва, жесток украински напад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина нападна длабоко во руска територија, Русија удри на Киев

Катерина Ѓуровски