Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Од:

Полицијата вчера во Неготино биле откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами, и притоа се приведени три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „избегнување на плаќање на акциза“ согласно КЗ на РСМ.

Како што денеска соопштија од МВР, вчера околу 7.30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово на Автопатот Градско-Неготино во близина на Црвени Брегови биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, „шкода октавија“ и „ауди А6“ кои напоредно се движеле по патот.

– На знак „стоп“ возилото „шкода октавија“ не запрело ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, но набргу од страна на полициски службеници било сопрено во градот. Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун (вкупно 283 килограм) без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари. По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „ауди А6“, Р.Ф. (37) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41) од Скопје, се појаснува во соопштението.

На лице место бил извршен увид од страна на инспектори од ОПКМСР при РЦ за ГР Југ и НК за КР при ОВР Неготино. По целокупното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Царината заплени 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол на зелениот пазар во Чаир

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година