Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

-Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремен дожд

Претежно облачно со магливо утро по котлините

Променливо облачно време со пораст на дневните температури

Времето денес променливо облачно и студено

Променливо облачно со врнежи од снег на планините и дожд на пониските места

Студено утро, преку ден умерено до значително облачно