ВМРО-ДПМНЕ: Популизмот на Апасиев падна во вода пред доказите за луксузирање низ Грција, џиповите, имотот во строг Центар и кафе бар

Од:

Паднаа маските на Димитар Апасиев и Левица.

Додека Апасиев глуми загрижен и продава скромност, пред очите на јавноста излегоа докази и документи за тоа како преку ноќ Левица купила имот од 409 м2 во строг Центар во Скопје по багателна цена за 700 евра квадрат, но Град Скопје им пресмета дека тој простор вреди многу повеќе, односно 1.150 евра за метар квадратен, реагираат од ВМРО-ДОМНЕ.

Додека Апасиев на своите членови од Левица и граѓаните им продава демагогии и гол популизам стана очигледно неговото луксузирање по грчките плажи, нов џип, кафе бар и нов имот на партијата.

Апасиев и Левица го манипулираат и лажат своето членство дека купиле подрум, но на виделина излегоа документи каде, всушност, освен подрум таму има и приземје и локал.

На тоа место, кое е над земја три-четири метри исто така е регистриран и локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица, Зоран Ивановски кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.

Падна во вода приказната која Апасиев сакаше да ја продаде на народот како дете на стечајци и одење на работа со велосипед, до скап џип паркиран на тревник пред Собрание и луксузирање на грчките плажи, додека во исто време партијата купува имоти во строг Центар на Градот и отвoра кафе барови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он