Запечатен ковчегот на папата Франциск пред утрешниот погреб, 250.000 верници оддадоа почит

Од:

Ковчегот на папата Франциск беше запечатен вечерва за време на литургиска церемонија во базиликата Свети Петар, пред погребот што ќе се одржи утре, додека околу 250.000 верници му оддадоа почит на поглаварот на Римокатоличката црква, соопшти Ватикан.

Кардиналот Кевин Фарел претседаваше со церемонијата на запечатување на ковчегот на папата Франциск, со што беше означен крајот на јавното изложување на телото во базиликата Свети Петар.

На церемонијата присуствуваа и кардиналите Џовани Батиста Ре, Пјетро Паролин, Роџер Махони, Доменико Мамберти, Мауро Гамбети, Балдасар Реина и Конрад Крајевски.

Префектот на Рим – Ламберто Џанини изјави дека утре, по повод погребот на папата, на улиците на Рим се очекуваат 200.000 луѓе, а ќе бидат распоредени 4.000 полицајци, пренесува Ansa.

Освен тоа, на поворката ожалостени низ Рим ќе се придружат и групи поранешни затвореници, бегалци и сиромашни, за кои Папата се залагаше за време на богослужбата.

Церемонијата ќе започне утре во 10 часот на плоштадот Свети Петар, а потоа поворката ќе се движи низ Рим до базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе биде погребан папата.

На погребот ќе присуствуваат италијанскиот премиер Џорџa Мелони, американскиот претседател Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон.

Освен тоа, утре во Рим ќе бидат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на Аргентинa, Хавиер Милај, како и британскиот премиер Кир Стармер и принцот Вилијам, кој ќе го претставува неговиот татко, кралот Чарлс.

Папата Франциск почина во понеделникот на 21 април од срцева слабост и мозочен удар, по битката со пневмонија поради која беше хоспитализиран.

Би можело да ве интересира

Суптилни знаци за тоа кој има најголеми шанси да го наследи Папата Франциск

Телото на папата Франциск привремено е балсамирано

Започна церемонијата на пренесување на телото на папата Франциск во базиликата Свети Петар

Зошто папата никогаш не се врати во Аргентина?

А1он

Педро Санчез: Папата Франциск е морален и духовен пример за милиони луѓе

А1он

Петдневна жалост во Италија по смртта на папата

А1он