Зеленски: Украина е отворена за преговори за територијата, има еден услов

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски посочи дека Украина e подготвена да разговара за територијални отстапки како дел од мировните преговори.

Во разговор со новинарите во Киев, тој рече дека Украина ќе биде подготвена „да разговара за територијални прашања, но само со целосен и безусловен прекин на огнот“.

„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се зборува за сè“, рече тој.

„Она што го вели претседателот Трамп е точно и јас се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз полуостровот Крим“, рече тој.

Претходно властите во Киев ја отфрлија можноста за територијални отстапки во замена за мир со Русија.

Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“, објавено денеска, изјави дека „Крим ќе остане руски“, но украинскиот претседател потоа повтори дека Крим и припаѓа на Украина.

„Нашиот став не е променет – само украинскиот народ има право да одлучи кои територии се украински“, рече Зеленски.

„Уставот на Украина вели дека сите привремено окупирани територии и припаѓаат на Украина, на украинскиот народ“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“