Реал го бојкотира куп финалето со Барса

Од:

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се реши на голем бојкот во пресрет на финалето од Копа дел Реј против Барселона.

„Кралскиот“ клуб реши да ги откаже сите активности во пресрет на мечот за трофеј, незадоволен од тоа што челниците на Ла Лига не го усвоија нивниот предлог за смена на главниот судија, како и на главниот ВАР судија.

Судијата на натпреварот, Рикардо де Бургос Бенгоече, претходно денеска одржа емотивна прес-конференција на која се расплака откако зборуваше за огромниот притисок под кој е од Реал. Мадрид бараше тој да биде сменет, како и главниот ВАР судија – Пабло Фуертес.

На тоа прв реагираше претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој одби да присуствува на заедничката вечера пред натпреварот.

Реал одби да ја одржи вообичаената прес-конференција, како и официјалната фотосесија пред финалето.

Она што беше особено шокантно е одлуката на Реал да го откаже тренингот!

Мадриѓаните требаше да одржат тренинг во 19 часот и 15 минути, а Модриќ и Анчелоти требаше да позираат заедно со Тер Штеген и Флик.

Финалето на Купот на кралот е закажано во сабота од 22:00 часот во Севиља. Сепак, одредени шпански медиуми тврдат дека под знак прашалник е и натпреварот помеѓу Реал и Барселона.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Барса со стил оди во четвртфинале, Њукасл со седум гола во мрежа се враќа во Англија

А1он

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

Реал подготвува 160 милиони евра за ѕвездата на Баерн

А1он

Наместо на стадионот на Њукасл да ја гледа Барса, шпански навивач заврши кај англиски третолигаш

А1он

Лапорта: 72 години Реал ги контролира судиите, зарем не е срамота?

А1он

Реал без седуммина фудбалери ќе го напаѓа Сити во ЛШ

А1он