Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова денеска изјави дека има причини да се верува дека украинските специјални служби биле вмешани во убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик во Москва.
Захарова рече дека ако истрагата ги потврди трагите за учество на Украина во убиството на Москалик, „тоа уште еднаш ќе ја покаже варварската природа на Киев“, пренесе ТАСС.
Автомобил „фолксваген голф“ експлодирал во Балашиха откако во него била активирана импровизирана експлозивна направа, соопштија претходно денеска руските власти.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека се несоодветни тврдењата на западните медиуми дека американскиот претседател Доналд Трамп е на страната на Русија во украинскиот конфликт.
Захарова ја доведе во прашање исправноста на прашањето на западниот новинар за наводно проруската позиција на Трамп за решавањето во Украина, пренесува РИА Новости.
„Кој го обвини Доналд Трамп? Можеш ли да бидеш поконкретен? Не верувај во гласините. Што сакаш да прашаш? Како да ја надминеме кризата во Украина? Дали е тоа твое прашање? Не? Срамота е, тоа треба да биде твое прашање“, рече таа.