Иако кога велиме музеј, воообичаено мислиме на експонати кои датираат од историјата, или предмети кои сигурно нема да ги ставиме во уста, сепак оваа есен Италија ќе го добие првиот музеј на сладолед во светот.
Вистински револуционерни вкусови на сладолед, без досадните и многупати видени ванила, чоколадо или јагода, туку овде изложените слатки замрзнати задоволства ќе бидат направени од необични состојки, вотка, јастог, горгонзола, сирење, лути пиперки и уште кој знае што.
„Не постојат граници“, вели Клаудио Торчи, кој во оваа прилика веќе го понуди корнетот со сладолет направен од лути пиперки, додавајќи „Ние правиме сладолед на иднината.”
Музејот ќе биде отворен во близина на Болоња, а еден од „експонатите“ ќе биде сладолед направен по рецепт со црн тартуф, кој датира од 1808 година.
Целиот проект е најверојатно одговор на кризата што ги зафати и Италијанците. Воопшто не е изненадувачки ако се има предвид дека во оваа земја се трошат околу 2 милијарди евра само за сладолед, односно околу 80 евра по домаќинство.