Орбан: Тиса ќе го направи она што Брисел го сака

Од:

Премиерот Виктор Орбан денес изјави дека партијата Тиса ја ужива поддршката на Европската народна партија (ЕПП) и дека, во замена за таа поддршка, ќе направи сè што ќе побара Брисел.

Орбан во интервју за јавното радио изјави дека партијата постигнала договор со лидерот на ЕПП, Манфред Вебер, според кој „Тиса добива поддршка од ЕПП“, објави МТИ.

Тој оцени дека ако условите за живот во Унгарија се влошат, тоа ќе и помогне на Тиса да дојде на власт, а партијата ќе прави сè што бара Брисел.

Според него, ако партијата Тиса дојде на власт, „Унгарија повеќе нема да биде земја без мигранти, бидејќи ќе дозволи влез на нелегални мигранти, нема да има заштита на децата бидејќи ќе дозволи ЛГБТ+ права, а Унгарија повеќе нема да биде во кампот што се залага за мир, бидејќи ќе им се придружи на земјите што ги поддржуваат воените операции во Украина“.

Орбан, исто така, истакна дека програмата на Тиса сега го вклучува и „барањето на Брисел“ за забрзан процес на пристапување за Украина.

Би можело да ве интересира

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците