Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело насилство.

„Како што информира државното Јавно обвинителство, на 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете кое било сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

-Додека оштетените седеле пред маркет, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бекатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице, информира Обвинителството.

„Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложил на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Истепан фудбалер од Грнчари, жртвата заврши во „Св. Еразмо“, а тепачот во станица

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом

Татко го давел и удирал по главата своето 15 годишно дете, се бара притвор

Предраг Петровиќ

Тројца полицајци осомничени дека малтретирале скопјанец во неговиот дом пред малолетниот син

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје