Ѓорѓиев: Комплетна либерализација на ветеринарната дејност

Од:

Сите ветеринарни станици во Македонија ќе добијат овластување за вршење дејност од јавен интерес. Со тоа, ќе имаат право на државната поддршка вредна вкупно 3,5 милиони евра, ќе се разбие досегашниот монопол и ќе се намалат цените на услугите.

Ова го предвидуваат измените на Законот за ветеринарна дејност што го усвои Владата на последната седница.

Како што рече денеска владиниот портпарол Александар Ѓоргиев, со измените се укинува и рокот на секои пет години да се добиваат овластувањата. Ветеринарната амбуланта ќе стекнува таква можност веднаш, од моментот на нејзиното основање.

– Со законските измени ќе се реши долгогодишниот проблем што ги оптоваруваше и ветеринарите и земјоделците. Сега фармерите не ќе мора добитокот да го носат на лекување во друг град и многу поедноставно ќе ги добиваат документите за субвенции, како и дозволите за движење на стоката, истакна Ѓоргиев на прес-конференција.

Меѓу придобивките од Предлог решението е и тоа што се олеснува излезот и влезот на домашните миленичиња, процесот ќе може да се реализира на сите 19 гранични премини.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција