Кичевчанка си ја убила двомесечната ќерка

Од:

И.Ј.(23) од кичевското село Челопеци на 29-ти јуни си ја убила својата двомесечна ќерка, со задушување со перница.

По изречената мерка притвор од истражен судија, таа е спроведена во истражниот затвор во Скопје. И.Ј. на 29-ти минатиот месец, околу 20 часот и 30 минути, со задушување, ја лишила од живот нејзината двомесечна ќерка.

Тоа, како што информираат од полицијата, го направила во спалната соба, по жестока вербална расправија со нејзиниот невенчан сопруг, по што, врз главата на двомесечното новороденче, поставила перница.

Откако го задушила бебето, мајката излегла на тераса, но по 10 минути се вратила во собата и го забележала безживотното тело и се обидела да му даде вештачко дишење, но безуспешно. Според нејзиното самопризнание, убиството, го направила во моменти на силно нервно растројство.

И.Ј. вознемирена поради караницата со сопругот, испила повеќе таблети „Дијазепам“ и „Хелекс“, по што, на сопругот и неколку роднини, им испратила смс пораки, кажувајќи им, дека не може повеќе, и дека ке го задуши бебето. За намерата, преку порака на Фејсбук, ја известила и нејзината сестра.

Наредниот ден, без пријавување на настанот и без да биде констатирана смрт од лекар, бебето било погребано на гробиштата во Челопеци.

На 21-ви овој месец, околу 22 часот, И.Ј. се обидела да се самоубие, скокајќи од вториот спрат од семејната куќа. Во намерата не успеала, по што, со скршеници по телото, итно е пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски