Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ќе ги промовира резултатите како работеле собраниските комисии.
Целта на извештајот е да ги презентира податоците за работата на секое од 21 постојани работни тела (собраниски комисии) во законодавниот дом од аспект на присуството на пратениците и нивните заменици на седниците, учеството на останатите засегнати страни во работата на комисиите, како и бројот на одржани јавни и надзорни расправи од страна на комисиите.
Исто така, во рамките на извештајот извршена е и анализа на фреквенцијата на изменување и дополнување на оние закони кои се донесени во периодот на набљудувањето.
Извештајот е изработен во рамките на од проектот “Мојот парламент”, чија цел е да го промовира концептот на партиципативна демократија и вклучување на граѓаните во процесот на креирање политики и донесување на одлуки.