А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

ВИДЕО: Истанбул повторно се тресе, повеќе од сто земјотреси, стотици повредени

by А1он23/04/2025 - 21:5923/04/2025 - 22:004190
Share0

Во Истанбул, каде денеска малку попладне беше регистриран силен земјотрес со јачина од 6,2 степени, се случија уште 127 последователни потреси, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Добивај вести на вибер

Министерот за здравство, проф. д-р Кемал Мемишоглу соопшти дека во таа прилика се повредени 236 лица.

Бројните последователни потреси, од кои најсилниот беше 5,9 степени, ги вознемирија граѓаните и туристите во Истанбул и околината.

„Во земјотресот нема загинати, а граѓаните се повредени скокајќи од височина поради страв и паника. Во Истанбул се повредени 173 лица, во Текирдаг и Сакарија 24, во Јалова двајца и во Бурса тројца“, рече Мемишоглу.

Јерликаја изјави дека една зграда е урната во централната општина Фатих, а девет куќи се евакуирани, пренесе Хаберлер.

Итната помош примила нешто повеќе од 10.000 повици, но тоа не е многу за „мегаград“, рече Јеликаја.

„Во Истанбул, кој има 16 милиони жители, и е поголем од 131 земја во светот, пристигнаа само 10.084 повици од наши сограѓани. Повеќето од нив беа за информативни цели, некои граѓани се јавуваа загрижени за зградата во која живеат, а некои од повиците беа од здравствена природа“, рече Јерликаја.

Отворени се училишни дворови, гимназии и џамии за граѓаните кои се плашат да се вратат во своите домови, соопшти Кабинетот на гувернерот, јавува Anadolu Agency.

Турската Црвена полумесечина обезбедува поддршка со храна во местата за собирање по земјотресот во Истанбул, а повеќе од 1.000 вработени и волонтери и 65 мобилни угостителски возила дежураат низ Истанбул и продолжуваат да делат супа, храна, топли и ладни пијалоци и вода на граѓаните кои се плашат да преноќат во своите домови.

„Планираме да го зголемиме бројот на нашите вработени и волонтери на три илјади“, изјави претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерих Јилмаз.

Според информациите на веб-страницата на Центарот за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), во 12 часот и 49 минути е регистриран земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во Мраморното Море, област Силиври во Истанбул.

istanbulsvetzemjotres

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски27/04/2026 - 09:4727/04/2026 - 09:47

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 17:00

Се појавија фотографии од украинските војници и морничави се

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 15:44

ВИДЕО: Иран објави снимка од запленување на брод во Ормутскиот теснец

Предраг Петровиќ23/04/2026 - 06:55

Такичи после земјотресот во Јапонија: Има загинати и голема материјална штета

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:21

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени

Горан Наумовски20/04/2026 - 10:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто