Управата на бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ воведе засилени безбедносни мерки во објектот.
Како што јави БТА, со воведените засилени безбедносни мерки се зајакнува контролата на пристап на надворешни лица во нуклеарната централа „Козлодуј“, па затоа времено се забрануваат посетите и разгледувањето на објектите во нуклеарката.
Согласно новите мерки до објектите во нуклеарката се забранува и пристап на претставници на правните субјекти и добавувачите со кои соработува централата.
Во соопштението на Прес-службата на „Козлодуј“ не се наведени дополнителни информации за ваквата мерка.