СДСМ: Власта брои проекти кои се неважни или се редовна работа на министерствата

Од:

Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ денешната прес – конференција во врска со дадeниот отчет за сработеното од страна на премиерот Никола Груевски оцени дека тој навел проекти кои или се неважни, или претставуваат редовна работа на владата и на ресорните министерства.

Според Јовановски, растат цените на струјата, бензините, се зголемува сиромаштија, невработеноста, стопанството се дави во неликвидност, а рецесијата ни тропа на врата. Посочи дека шансите за влез во Европската унија и НАТО ни се сé помали, а на меѓународна сцена остануваме со се помалку стратешки пријатели и партнери.

„Во извештаите на релевантни странски субјекти, од „Репортери без граници“, „Фридом хаус“, па се до американскиот „Стејт департмент“ се констатира огромен пад на слободата на медиумите, појава на загрижувачка автоцензура, како и целосна поклопеност на медиумите од страна на власта“, рече меѓу другото потпретседателот на СДСМ.

Дополнително, според него, се констатира и целосната зависност на судството од владата и злоупотреба на сите државни органи и институции за селективна примена на правото и пресметка со неистомислениците.

СДСМ: Власта брои проекти кои се неважни или се редовна работа на министерствата

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат