Две лица застрелани на Крит откако одбиле да не снимаат пожар

Од:

Две лица се застрелани откако одбиле да престанат да го снимаат пожарот во Хераклион на Крит.

Двајца пријатели на возраст од 24 и 35 години одлучиле со мобилни телефони да го снимат пожарот во областа Вианос. Еден патник во возило што го управувал фармер побарал од мажите да престанат да снимаат.

Откако тие одбиле да го направат тоа, 20-годишниот сопатник излегол од возилото и почнал да пука во нив. 24-годишниот маж добил шест куршуми во телото, додека постариот само еден. Двајцата се пренесени во Универзитетската болница во Хераклион.

Поради големите пожари на Крит, досега се евакуирани жителите на Долен Вианос, селата Кондрос и Марта. Силните ветрови го отежнуваат гаснењето на огновите во кое учествуваат и три канадери

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески