Путин: Сојузничките односи со Србија се најтопли и најблиски

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со српскиот патријарх Порфириј во Москва оцени дека, како што рече, сојузничките односи меѓу Русија и Србија се најтопли и најблиски.

На средбата со српскиот патријарх во Кремљ, Путин рече дека очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на 9 мај да ја посети Москва и да присуствува на прославата на 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна.

На средбата, на која присуствуваше и патријархот московски и на цела Русија – Кирил, Путин рече дека Русија е свесна за тешката ситуација на Балканот.

„Знаеме дека ситуацијата на Балканот не е едноставна. И знаеме за вашите напори за зајакнување на позицијата на Србија“, рече Путин, обраќајќи му се на српскиот патријарх, пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател Путин го истакна придонесот на Српската православна црква во односите меѓу народите на двете земји.

„Српската православна црква дава значаен придонес во зајакнувањето на односите меѓу народите на Русија и Србија“, рече Путин за време на средбата во Кремљ.

Патријархот Порфириј му подари на рускиот претседател Путин велигденско јајце со натпис „Христос воскресна“ на српски јазик.

Би можело да ве интересира

Порака од Русија: Во моментов нема потреба Путин да се сретне со Трамп

Пратеникот на Путин во САД: Доста сме блиску до дипломатско решение за војната

А1он

Поранешен шпион со предупредување до Путин: Не оди во Будимпешта, можеби е стапица

А1он

Песков: Средбата Путин – Трамп би можела да се одржи за две недели

А1он

Путин разговараше со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

А1он

Путин: Москва е горда што прифати четири поранешни украински региони во Русија

А1он