Брејвик порано или подоцна ќе биде ослободен

Од:

Норвежаните мора да се подготват на можноста масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик некогаш во иднина повторно да се појави во општеството, изјави неговиот адвокат Геир Липестад, нагласувајќи дека во Норвешка не постои казна доживотен затвор.

„Без оглед дали ќе биде осуден на затворска казна или психијатриско лекување, порано или подоцна ќе биде пуштен на слобода, како зрела личност или како старец“.

Адвокатот Липестад посветил многу време во обидот да разбере зошто Брејвик не може да види одделни лица, туку сите ги категоризира во големи групи.

„Жените и муслиманите кои Брејвик ги среќавал, кои се разликуваат од неговите предрасуди, се секогаш исклучени од неговите еднодимензионални и тоталитарни гледишта“, вели Липестад.

Пресудата за Андерс Беринг Брејвик обвинет за убиството на 77 луѓе во јули минатата година ќе биде изречена на 24-ти август.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани