Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Од:

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави денеска дека украинските сили ја спречуваат Русија да ја заземе граничната територија на Сумиската област во североисточна Украина.

Во разговор со командантите и началниците на ограноците на украинската армија, Сирски истакна дека и руските сили се обидуваат да ги протераат украинските војници од областа Курск во Русија, но дека украинските сили даваат отпор.

Тој објави на Фејсбук дека разговарал со командантите за натамошното зголемување на борбените способности на украинските војници и воведувањето на модерни технологии, пренесе Укринформ.

Би можело да ве интересира

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени