Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

Од:

„Во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта“ вели министерот за транспорт, Александар Николоски.

Според него, „со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија“.

„До сега, со завршен асфалт комплетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри. Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растоварување косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда“ вели Николоски.

Смета дека „согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на месец јуни пред почетокот на летната сезона“.

„Oстанува да се до асфалтираат уште околу 5 км од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација.
Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го поттикнувме економскиот развој на Охрид“ смета Николоски.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

100 нови комби возила за Пошта – Николоски најави подобрување на услугите

Горан Наумовски

Николоски: Изградбата на Коридорот 8 напредува без политички блокади

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента