„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска беше домаќин на премиерот на Италија – Џорџа Мелони во Белата куќа во Вашингтон. Трамп на влезот во Белата куќа срдечно ја поздрави и рече дека таа е „одлична личност“.

Според претходно објавениот распоред имаат закажан ручек, по што имаат билатерална средба. При влегувањето во Овалната соба тие одговараа на прашања од претставници на медиумите.

Трамп на почетокот зборуваше за царинските мерки. Тој изјави дека преговорите со многу земји се во тек.

„Соединетите Американски Држави се „ограбени“ и беа експлоатирани од многу земји во светот. Тоа нема да се повтори, ќе направиме подобри зделки“, рече Трамп во воведниот дел, пренесува британски „Гардијан“.

Потоа се посвети на својот гостин од Италија. Веднаш почна со комплименти.

„Таа е одличен премиер, работи одлична работа во Италија. Ние сме многу горди на неа. Ја познавам од почетокот, тогаш веќе видов дека има талент. Таа е една од ретките вистински лидери во светот. Многу сум горд што сум со неа“, изјави американскиот претседател за Мелони.

Потоа дојде редот таа да даде изјави. Ги коментираше царинските мерки.

„Европската унија ќе постигне договор за царините. Ќе го поканам господинот Трамп во Италија. Дојдов овде да разговараме за тоа што ни треба на сите, ќе најдеме начин да ги зајакнеме двете страни“, рече Мелони.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“

Трамп: Иран е официјално пропадната држава со раководство во хаос

А1он

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

А1он