Едно лице загина, а едно е тешко повредено во т ешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа на регионалниот пат Робовска раскрсница- село Банско.
До несреќата дошло откако возачот К.П (57) изгубил контрола над автомобилот марка „Хјундаи Акцент“,слетал на десната страна надвор од коловозот. Со него во колата биле и 35-годишниот полицаец Ердинчо Д. од Банско кој починал на лице место, а со полесни повреди поминал 40 годишниот радовишанец М.А.