Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Од:

Од почетокот на инвазијата на вооружените сили на Украина во областа Курск во Русија, убиени се повеќе од 4.700 странски платеници кои се бореле на страната на Украина, објави рускиот телеграм канал „Оди и види“.

Повикувајќи се на свои извори, овој канал тврди дека руските вооружени сили убиле 4.781 платеник од трети земји. Меѓу нив се 1.963 борци од Полска, 1.230 од Грузија и 917 од Колумбија.

Дополнително, значителни загуби претрпеа милитантите од Франција (208 лица), Германија (197) и Обединетото Кралство (156), а листата ја заокружуваат САД (89), Австралија (17) и Јапонија (4).

Руски воени извори претходно објавија дека мнозинството платеници во украинските вооружени сили во областа Курск се Грузијци и Колумбијци.

Според руските воени претставници, многу од убиените милитанти може да се идентификуваат само со ДНК анализа, бидејќи тие не донеле никакви документи со себе.

Би можело да ве интересира

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“