И Радванска испратена дома

Од:

Поројните дождови во Лондон оневозможија да се игра активен тенис, играта непрекинато тече единствено на Централниот терен. Токму таму се случи и новото големо изненадување, откако својот настап веќе во првото коло од овие Олимписки Игри го заврши втората носителка Агњешка Радванска.

Полската тенисерка, која пред неполн месец на истиот терен стигна до големото финале на Вимблдон, овојпат се сопна на првата пречка, губејќи од Германката Јулија Гергес со 2-1 во сетови.

Откако го загуби првиот сет, Радванска успеа да израмни на 1-1 доминирајќи во тајбрејкот. Фаворитката одлично го почна и решавачкиот сет, поведе со 3-1 во гејмови, но следеше голем пад во нејзината игра што беше искористено од страна на Гергес, која што славеше со 6-4, го доби третиот сет, а со тоа и мечот.

Со ова, продолжуваат изненадувањата на женскиот дел од Вимблдон, откако вчера своите настапи во првото коло ги завршија и Ли На и Саманта Стосур.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај