Падна од 1.000 метри и преживеа

Од:

58 годипниот падобранецот Срба Савиќ од Србија, вчера преживеа пад од висина од 1.000 метри. Иако имаше несреќа да не му се отворат двата падобрана, тој по падот на земјата помина само со скршеници. Тој важи за искусен падобранец со нас 1.600 скокови, но вели „овојпат само Господ ме спаси“.

„За мене беше рутински скок. Никогаш досега во вакви ситуации сум немал проблем. Се се случи набрзина. Ја повлеков рачката за главниот падобран, но не се отвори како што треба. Се заплеткаа јажињата и куполата не можеше да се рашири. Тогаш го активирав помошниот падобран, но за несреќа, тој излета накај главниот и се заплетка во него. Се борев за ќивот 20 секунди, не се сеќавам ни се што правев за тоа време. Знам само дека кога паднав на земја, ногата многу ме заболи“, раскажува Срба Савиќ.

Савиќ бил припадник на 63. падобранска бригада и важи за искусен падобранец. Преживеал, како што вели тешки моменти, но досега не му се случило да не му се отвори падобранот.

Тој поради повредата ќе мора да се подвргне на вградување вештачки колк на десната нога. Савиќ е надвор од животна опасност, зашто по падот од 10.000 метри не му е повреден ниту еден витален орган.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието