Ѓорѓиев: Комплетна климатизација на Детската клиника во Скопје

Од:

Владата на Република Македонија донесе одлука за реализација на проектот за изградба на централна климатизација и вентилација на Детската клиника во Скопје, за што се обезбедени 40 милиони денари, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој додаде дека веќе е изработен и проектот за климатизација и вентилација на Детската клиника, со кој е опфатен целиот простор од 7.000 метри квадратни, а е изработен од специјален тим машински инженери.

„Бидејќи постои голема веројатност во идниот период Детската клиника да се спои со други целини, проектот предвидува максимално флексибилно решение кое ќе ја обезбеди својата функција во секаква комбинација, по сите светски стандарди“, истакна владиниот портпарол.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски