Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека евентуалниот пристап на Украина во ЕУ, на кој инсистираат Брисел и опозициската партија Тиса, ќе го загрози развојот на Унгарија.

„Нашата земја се соочува со сериозна закана: влез на Украина во ЕУ. Оваа опасност ни е над главите. Вчера во Брисел беше претставен пакет за забрзување на пристапот на Украина во ЕУ. Ако тоа се случи, сите унгарски пари ќе треба да се потрошат за нашиот источен сосед“, посочи Орбан на отворањето на последната делница од автопатот М-44.

Тој посочи дека „не само што нема да стигнат средствата од ЕУ што ни припаѓаат, туку дури и парите од унгарскиот буџет ќе завршат во Киев, па долго време нема да се гради ништо, а камоли пат“, пренесува унгарски Немзет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Медиумскиот магнат од ерата на Орбан ги нуди компаниите на државата, полицијата потврди дека ги истражува

Орбан: Унгарија влегува во нова фаза – „либерално владеење“

А1он

Орбан ги загуби изборите, понуди оставка од функцијата лидер на партијата

Виктор Орбан го враќа освоениот пратенички мандат – ќе ја јакне партијата

А1он

Синот на Виктор Орбан ја напушти војската – поднесе барање пред изборите

А1он

Орбан: Унгарија не е подготвена да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Киев

А1он