На ГП „Табановце“ викендов влез и излез оствариле скоро 37.000 македонски државјани

Од:

На граничниот премин „Табановце“ изминатиот викенд влегле и излегле скоро 37 илјади македонски државјани, а во истиот период влез и излез оствариле над 32 илјади странски државјани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека во периодот од 11 април до денеска влегле 23.139, а излегле 13.845 македонски државјани. Во истиот период влегле 19.679, a излегле 12.891 странски државјанин.

Пред празничниот викенд почнаа да се враќаат македонските државјани кои работат во земјите од Западна Европа. Најголем дел од нив се враќаат токму пред Велигден за да ги поминат празниците со најблиските.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски

На „Табановце“ за влез во државата се чека околу 45 минути

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица