Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“

Од:

Ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, а беа ранети 117 други, Русија денеска соопшти дека мета била „воена цел“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија „мети има само воени или воени цели“, одговарајќи на новинарско прашање за воздушниот напад врз североисточниот украински град што го шокираше регионот и меѓународната заедница.

Руското Министерство за одбрана објави дека во нападот биле употребени две балистички ракети Искандер и дека бил погоден „состанокот на украинските команданти“ во Суми. Истовремено, тие го обвинија Киев дека „ги користи цивилите како жив штит“.

Украина еден ден претходно објави дека руски ракети паднале во густо населен дел од градот, погодувајќи станбени згради и автобуска станица. Претседателот Володимир Зеленски го нарече нападот „терористички чин“ и повика на посилен одговор од меѓународната заедница.

Суми се наоѓа во близина на руската граница и е честа цел на воздушни напади од почетокот на руската инвазија во 2022 година, но вчерашниот напад беше еден од најсмртоносните во последно време. Ова е најсериозниот напад врз цивили во Украина оваа година.

Нападот предизвика бран на осуда од Европската унија, САД, Обединетите нации и голем број светски лидери, кои предупредија дека таквите напади претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право. Русија досега не понуди независно потврдени докази за тврдењата за воена цел.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Финска: Украина ја има најмодерната, најефикасната и најискусната армија

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%