Српскиот парламент го доби предлогот за членови на новата влада на Србија

Од:

Српскиот парламент го доби предлогот за членови на новата влада, изјави претседателката на парламентот Ана Брнабиќ утринава при телевизиско гостување.

Таа во утринската програма на ТВ Пинк рече дека министер за финансии ќе остане Синиша Мали, а министер за образование, на пример, Дејан Вук Станковиќ.

– За неколку минути ќе биде проследено до сите пратеници, рече Брнабиќ во програмата.

Таа додаде дека во новата Влада ќе има над 50 проценти нови министри.

Имено, Брнабиќ рече дека за утре во 10 часот ќе закаже седница на која ќе се избере нова влада, наведувајќи дека нов министер за образование ќе биде Дејан Вук Станковиќ, додека министерот за финансии Синиша Мали е најдобриот таков министер во Европа и би било „бесмислено да се смени“.

– Во Народното собрание штотуку пристигна предлог за нова влада, почетокот на седницата ќе го закажам за утре во 10 часот, за неколку минути ќе биде проследен до сите пратеници, рече Брнабиќ во програмата.

Таа за Дејан Вук Станковиќ, редовен професор на Универзитетот во Белград, на Факултетот за образование на наставници, рече дека тој е „добро решение, човек кој знае образование“.

„Тој факултет треба особено да се зајакне за младите да сакаат да се занимаваат со таа професија“, рече Брнабиќ.

Таа изјави и дека во новата влада ќе има речиси 50 проценти нови лица.

Кандидатот за премиер Ѓуро Мацут денеска до Собранието на Србија достави предлог за состав на српската Влада со биографии на предложените членови на Владата.

За прв вицепремиер и министер за финансии е предложен Синиша Мали, за вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, а за вицепремиер и министер за економија Адријана Месаровиќ.

За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Драган Гламочиќ, за заштита на животната средина Сара Павков, за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ, а за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

За министер за внатрешна и надворешна трговија е предложена Јагода Лазаревиќ, за правда Ненад Вујиќ, за јавна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ, а за човекови и малцински права и социјален дијалог Демо Бериша.

Братислав Гашиќ е предложен за министер за одбрана, Марко Ѓуриќ за надворешни работи, а Немања Старовиќ за министер за евроинтеграции.

За министер за образование е предложен Дејан Вук Станковиќ, за здравство Златибор Лончар, а за труд, вработување, бранители и социјала Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.

За министер за семејна грижа и демографија е предложена Јелена Жариќ Ковачевиќ, за спорт Зоран Гајиќ, за култура Никола Селаковиќ, а за рурална грижа Милан Кркобабиќ.

Академик Бела Балинт е предложен за министер за наука, технолошки развој и иновации, Хусеин Мемиќ за министер за туризам и млади, Борис Братина за министер за информации и телекомуникации, додека Дарко Глишиќ е предложен за министер за јавни инвестиции.

За министри без ресор се предложени Новица Тончев, Ѓорѓе Миличевиќ, Усаме Зукорлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брнабиќ: Ректорскиот колегиум да одговори кој учествувал во обидот за воен удар

Брнабиќ за инцидентот во Градското собрание: Терористички чин на оние кои се обидоа да го запалат Собранието

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Српската влада тврди дека ги исполни сите барања на студентите

А1он

Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде опозицијата не сака избори

Брнабиќ: Еве ги нашите 100 потписи, еве демократска можност за нашата опозиција