• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Свет

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

by А1он14/04/2025 - 14:35205
Share0

ЕУ ќе ја зголеми финансиската поддршка за палестинските власти со тригодишен пакет помош во вредност од околу 1,6 милијарди евра, изјави денеска европската комесарка за Блискиот Исток Дубравка Шуица.

Добивај вести на вибер

Таа во интервју за Ројтерс нагласи дека ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на палестинската самоуправа додека реформите на таа администрација, кои според неа многумина ја критикуваат за корупција и лошо управување, продолжуваат.

Шуица посочи дека без реформи, палестинските власти нема да бидат силен и кредибилен соговорник не само за ЕУ, туку и за Израел.

Таа рече дека просечната годишна поддршка на ЕУ за палестинската управа е околу 400 милиони евра во изминатите 12 години.

Во Луксембург денеска ќе се одржи првиот политички дијалог на високо ниво меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и високи палестински претставници, вклучително и премиерот Мохамед Мустафа.

ЕУ е најголемиот донатор за Палестинците, а европските претставници се надеваат дека палестинската управа, која управува со окупираниот Западен Брег, еден ден ќе ја преземе одговорноста за Појасот Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

euGazapalestina

Би можело да ве интересира

Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест

Горан Наумовски19/01/2026 - 16:48

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Горан Наумовски19/01/2026 - 06:58

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 17:14

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:47

Трамп: Започната е новата фаза од мировниот план за Газа

Горан Наумовски16/01/2026 - 07:3716/01/2026 - 07:38

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Горан Наумовски11/01/2026 - 22:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен