Дирекцијата за заштита и спасување не правела никакви контроли во дискотеки и кабареа и ги изложила граѓаните на опасност, вели Коцевски

Од:

Актуелниот и тројца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување се меѓу осомничените за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ будејки оваа институција години наназад не правела никакви контроли не само во овој туку и во друите ноќни клубови и со тоа биле доведени во опасност граѓаните кои ги посетувале овие објекти, вели државниот обвинител Љупчо Коцевски.

– Постои сомнение дека тие постапиле спротивно на нивната должност предвидена во Законот за заштита и спасување и Законот за инспекциски надзор и целосно ги запоставиле своите надлежности не само во однос на овој клуб, туку и на останатите угостителски објекти во државата. Низ годините ниту еднаш согласно ризиците кои постоеле и кои морале да ги имаат во предвид, не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор над објекти кои вршат угостителска дејност-дискотеки и кабареа. Со своето неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, во целост го нарушиле системот за заштита и спасување и со тоа во континуитет ги изложиле граѓаните на опасност од непроверени и контролирани објекти од аспект на исполнувањето на потребните законски услови за безбедност, заштита од пожари и опасност по нивното здравје и живот, рече Кочевски.

Меѓу осомничените е и генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски

Во Клиничкиот центар во Скопје е транспортирано лице кое било повредено кај тетовско Јеловце

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски