(ВИДЕО) Тошковски: Системот „One Stop Shop“ – ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ на кој во присуство на премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски и Косово, Албин Курти и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла и делегации од двете земји, свечено беше пуштен во употреба системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“.

Министерот Тошковски во своето обраќање потенцираше дека обврска на институциите е со својата работа да го унапредуваат квалитетот на животот на сите граѓани и со пуштањето во употреба на овој систем се отвора нова ера на побрз транспорт на стоки и повеќе трговија, повеќе туризам, повеќе дружба и поголемо пријателство.

„Ова е резултат на договорот меѓу двете влади и Протоколот што го уредува начинот на гранични и царински контроли, инфраструктурата, размената на податоци и поделбата на трошоци. Целта е јасна – побрзо, поедноставено и побезбедно преминување на границата. За патниците тоа значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски подвлече дека овој граничен премин е еден од најфреквентните во државата со повеќе од четири милиони патници годишно и дека со неговата имплементација отвораме ново поглавје на поврзаност – побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

И Тошковски доби опомена за брзо возење – камера на „сејф сити“ го улови со 51 км на час

А1он

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски

Министерот за внатрешни успешно опериран на скопските клиники

А1он

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ

Тошковски: Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци

Катерина Ѓуровски