Костова: Власта да се откаже од намерата за нова просечна кошничка

Од:

„Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка. Власта измислила сама да пресметува колку „чини животот“ на граѓаните и се обидува да го убеди народот дека со 400 евра може да се живее. Ама, граѓаните да не одат на одмор, да немаат можност ниту за кино или театар – тоа било луксуз според власта. Да се живее само за сметки и храна, и тоа од листата на препорачани производи од Владата“ рече денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Според неа, „за Владата папаја, манго и аспарагус, а за граѓаните само трошки. За граѓаните да биде луксуз одморот, а власта да изнајмува цели авиони на грбот на народот. Целта на Владата е да го замени реалниот показател – минималната синдикална кошничка – со нова, владина креирана „просечна потрошувачка кошничка“. Ама не за четиричлено семејство, туку за тричлено“.

„Нема веќе „мама, тато, дада и бато“ како што најави премиерот за ПР – сега има само тројца, за бројките да изгледаат подобро. Зошто токму просечна кошничка? Затоа што се споредува со просечна плата, која расте побрзо и се прикажува секој месец. Минималната – еднаш годишно. Така ќе покажуваат „раст на стандард“, но само на хартија. Не и за граѓаните со минимална плата. Новата просечна кошничка ќе ги игнорира реалните трошоци. Ќе се сведува само на храна и сметки, без никаква рекреација, култура или достоинствен живот. Она што го содржеше синдикалната кошничка – како минимум за живот – веќе ќе го нема“ рече Костова.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“