Белгиецот Стив Дарсис го приреди најголемото изненадување на првиот натпреварувачки ден на тенискиот турнир на Олимписките игри, го елиминираше шестиот носител Томаш Бердих со максимални 2-0 во сетови.
Федерер потешко од очекувањата го совлада Фала од Колумбија со 2-1. Јанко Типсаревиќ неочекувано лесно дојде до триумф над Давид Налбандијан од 6-3, 6-4, а Германецот Пешнер славеше над Лацко од Словачка со 7-6, 6-1.
На женскиот дел од турнирот, Ким Клајстерс ја оправда улогата на фаворит против Винчи славејќи со 6-1, 6-4, а својот настап во Лондон ќе го продолжи и Ана Ивановиќ, која што забележа победа од 6-4, 7-5 над Американката Мекхејл.