Ѓорѓиев: 144 милиони денари за учениците од социјално ранливи семејства

Од:

Владата на Република Македонија обезбеди 144 милиони денари за надоместоци за учениците од социјално ранливи семејства кои ќе се запишат и редовно ќе посетуваат настава во средно образование во учебната 2012/2013 година, најави владиниот портпарол .

„Предвидените средства за годинава се за една третина поголеми од лани, кога беа исплатени 98 милиони денари“, рече Александар Ѓорѓиев

Според владиниот гласноговорник, со оваа мерка Владата директно ги поттикнува учениците од овие семејства и нивните родители да се запишат и да го завршат средното образование, со што ќе се стекнат со подобри можности за вработување.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека зголемувањето на средствата не значи дека стапката на сиромаштијата е зголемена.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад