МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ (phishing) напади, што имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци.

– „Фишинг“ – нападите најчесто се изведуваат преку лажни електронски пораки, веб-страници или пораки на социјалните мрежи, што изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како што се банки, државни институции или познати компании. Воедно, информираме дека е забележана појава на достава на лажни фактури за уплата на парични средства на електронските адреси на вработени во правни лица кои се овластени за истото, во име на управителите на правните лица, но, од лажни електронски адреси, се додава во соопштението на МВР.

Се апелира да не се отвораат линкови или прилози од сомнителни е-пораки, да се проверува адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да не се внесуваат лични податоци – кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички, на сомнителни веб-страници, да се користи двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на сметките и да се пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во банка.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп