Дедо си го убил зетот во синоќешното убиство во охридското село Орман ,Од Охридската полиција инофрмираат дека веќе поднеле кривична пријава против 73 годишниот З.С. за убиство на 53-годишниот Ѓ.Б., негов зет за ќерка. Од Мвр информираат дека на убиството кое се случило нешто пред 20 часот му претходела жестока расправија.
После настанот сега осомничениот се јавил во полиција и сам го пријавил настанот. Во исказот тој рекол дека нема информации дека пушката со која пукал била полна со муниција На местото на настанот извршен е увид, а по налог на истражен судија врз телото на убиениот ќе биде извршена обдукција
Жестоките вербални расправии започнале вчера околу 18 часот во семејната куќа на осомничениот, кога неговиот зет дошол кај него со цел да разговараат за одрдени проблеми кои што ги имале веќе извесен период наназад.
Тој обид преминал во жестока расправија при што сега починатиот упатил закани дека ќе посегне по животот на неговиот дедо и по останатите членови на неговото семејство.
„Расправијата продолжила во една од собите при што дедото успеал да го извлече зетот во дворот, ја затворил вратата и се повлекол во неговата куќа. Зетот се обидел преку прозорот да влезе во куќата при што плашејќи се за својот живот дедото ја зел ловната пушка која ја поседувал со одобрение и испукал еден куршум во пределот на градите“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Мики Трајковски