Поранешниот српски премиер Мирко Цветковиќ изјави дека ја напушта политиката.
Цветковиќ е избран за пратеник од опозицијата, но планира во Парламентот да остане неколку месеци и од јануари ќе се посвети на приватен бизнис.
Тој изјави дека мошне внимателно го слушал говорот на неговиот наследник Ивица Дачиќ, при што најмногу бил заинтересиран за начинот на кој ќе биде решен проблемот со дефицитот.
Цветковиќ истакна дека идеите што ги изнел Дачиќ биде премногу општи за да може да ги коментира.
„Не би сакал да го политизирам прашањето, ќе биде доволно да кажам дека во новата Влада има девет министри од мојот кабинет“, нагласи Цветковиќ.