Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

Од:

Русија е подготвена да се вклучи во сериозен дијалог за мирно решение на украинската криза, но нема да дозволи преговарачкиот процес да се искористи за зајакнување на воените капацитети на Киев, изјави денеска рускиот амбасадор во ОН – Василиј Небензја.

„Отворени сме за значаен и практичен дијалог, но нема да дозволиме некој да не измами или да го искористи овој преговарачки процес, директно или индиректно, за зајакнување на воениот потенцијал на режимот во Киев“, рече тој на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Небензја исто така истакна дека сценариото за кое разговараат Русија и САД е насочено кон изнаоѓање одржливо, долгорочно решение за украинскиот конфликт, пренесува ТАСС.

„За да се постигне ова, неопходно е да се справиме со основните причини, а една од нив е приливот на западно оружје во Украина. Како што сите знаеме, овој проток започна многу пред почетокот на нашата специјална воена операција и беше олеснет под покровителство на договорот од Минск“, рече Небензја.

Првата средба на руски и американски претставници се одржа во Ријад на 18 февруари, а оттогаш се одржани уште две, во Истанбул на крајот на февруари и уште една во Саудиска Арабија на 24 март.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Руските трупи го ослободија Курскиот регион, Украина негира

Трамп: Големата отстапка на Москва е што Русија не ја окупира цела Украина

Едно лице загина, осум се повредени во руски напад врз украински Павлоград

(ВИДЕО) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

Горан Наумовски

Кличко: Украина би можела да биде принудена да се откаже од територија за да има мир

Стармер: Прекинот на огнот во Украина мора да биде прифатлив за сите