Црвенковски: Владата на Груевски ги штити интересите на Грција

Од:

Лидерот на СДСМ ги отфрли обвинувањата на власта дека е промотор на грчките ставови и рече дека тој само ги штити интересите на македонскиот народ.

„Тоа што мислам дека е најдобро за овој народ, за овие граѓани, за оваа држава, за оваа наша земја го правам отворено и искрено. Ако погледнеме наназад, кога сме биле во полоша ситуација и позиција на меѓународен план, можеме да заклучиме дека сега е тој момент. Сега после шест години владеење на Груевски, гледам што промовира, гледам каква политика спроведува и до кое ниско ниво на меѓународен план се наоѓа нашата земја. Ако некои работи, сакајќи или несакајќи, намерно или ненамерно ги штити грчките интереси, тоа е оваа Влада на чело со Никола Груевски“, рече Црвенковски.

Тој кажа дека македонксата јавност нема доволно информации за содржината на разговорите кои што се одвиваа меѓу Премиерот, Претседателот, Министерот за надворешни работи и Генералниот секретар на Обединетите Нации, како и медијаторот Нимиц.

„Од тука, искрено се надевам дека оваа посета била максимално искористена. Не секогаш и не често може да и се случи на една мала земја како што е Македонија, тука да престојува Генералниот секретар на ОН, уште повеќе, знаејќи дека имаме голем, крупен, значаен проблем со Република Грција кој треба да се реши под покровителство на Обединетите Нации. Значи уште еднаш, се надевам дека е искористена посетата на најдобар можен начин, а времето што доаѓа ќе покаже дали ќе даде резултат“, рече Црвенковски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он