Груевски: Исполнување на ветувањата – приоритет од кој Владата не отстапува

Од:

Работа во интерес на народот, останување доследни на зборот и исполнување на даденото ветување е императив и приоритет од кој Владата нема да отстапи. Вака премиерот Никола Груевски се обрати по повод една година од изборот на оваа Влада.

„Денеска Македонија и покрај бројните предизвици и проблеми со кои се соочува оди напред. Патот е трасиран, а целта е видлива и достижна. Реформите се спроведуваат, но секако има уште многу работа пред нас. Уште доста треба да сработиме за да кажеме стигнавме до целта. Ние не се плашиме од работа и не се повлекуваме пред предизвиците“, истакна премиерот Груевски.

Тој потенцира дека Владата во својата работа се осврнува на целата територија на Република Македонија за да ги задоволи потребите на граѓаните и на секој поединец без разлика на неговата национална верска припадност и политичка ориентација.

Премиерот Груевски потенцира дека Владата работи според програмата и дека во овој период се реализираат и проекти кои не биле предвидени во неа. Посочи дека целосно се завршени 380 проекти, 470 се во тек и најави дека заедно со граѓаните и во иднина ќе работи на илјада проекти.

„И во вој период на работа се водевме од петте стратешки приоритети, зголемување на економскиот раст, интеграција во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата, добри меѓуетнички односи, инвестиции во образованието и наука“, потенцира премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски