Концентрирањето тешка артилерија околу Алеп, наговестува дека силите на сирискиот режим подготвуваат „масакр“ во најнаселениот сириски град, сметаа САД.
Специјални сили на режимот подготвуваат општа контраофанзива денес или утре, тврдат властите. Илјадници луѓе го напуштија градот.
Сириската влада распореди тенкови, хеликоптери, тешко вооружување и воени авиони, а бунтовниците се подготвуваат за евентален напад собирајќи муниција и медицинска помош, јави Би-Би-Си.