Владата на Црна Гора е на колективен годишен одмор до крајот на август, одлучи премиерот Игор Лукшиќ.
Вработените во владата и државните институции ќе одмораат цел месец.
Министрите и раководните лица треба да си најдат соодветни заменици.
Координацијата ќе биде во рацете на вицепремиерите Лазовиќ и Марковиќ.