Тарифата за Македонија очигледно е грешка, очекувам да се корегира, вели Мицкоски

Од:

Се работи за грешка или за погрешно пренесени информации вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за тарфата од 33 проценти што САД ги вовезде за Македонија.

– Ние работиме со нашите партнери, со САД, очекувам многу скоро да се корегира ова коешто е очигледно е резултат на грешка или на погрешни информации имајќи предвид дека Македонија во 2024 година е во дефицит во трговската размена со САД. Сега се споредуваат податоците, во контакт сме со Амбасадата и во администрацијата на Трамп. Очекувам за кратко време да се излезе од оваа состојба, вели Мицкоски.

Тој смета дека секундарните ефекти за македонската економија ќе бидат поголеми доколу земјите од ЕУ не успеат да ги надминат овие проблеии кои ги создаваат тарифите на Трамп.

Тој не откри детали од преговорите за решавањњ на проблемот со тарифата за Македонија кој е меѓу најголемите.

– Процесот е сензитивен, не би споделивал детали, додека не е се завршено немаме ништо, кога ќе биде се завршено ќе објавиме, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно ја нападна Џорџа Мелони на социјалните мрежи

Горан Наумовски

ВИДЕО: На погребот на Хамнеи, повик за убиство на Трамп: „Зошто е сè уште жив?“

Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините, најави премиерот

ВИДЕО: Мицкоски вели дека опозицијата ги радикализирала барањата за да нема договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Никој не може да биде како нас, порача Трамп на 250-годишнината од американската независност

ВИДЕО: Трамп и Путин разговараа еден и пол час, Кремљ објави детали