Тетовец загина на патот Маврово-Дебар

Од:

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост.

-Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на самото место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, додека сопатничката, негова сопруга А.С.(47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, рече портпаролот Реџепи.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски